Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонија без Стоилов на реваншот во Данска, вардаровиот капитен има проблеми со грбот
Македонија без Стоилов на реваншот во Данска, вардаровиот капитен има проблеми со грбот

Македонија без Стоилов на реваншот во Данска, вардаровиот капитен има проблеми со грбот

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоимов, нема да настапи на реванш натпреварот за македонската репрезентација против селекцијата на Данска.

Стоилов имал проблеми со грбот кои го мачеле и пред натпреварот во Скопје против Данска, на кој Македонија успеа да го изненади актуелниот светски шампион. Сепак големиот борец стиснал „заби“ и се ставил на располагање новиот селектор Кирил Лазаров за првиот натпревар со Данска.

Сепак по договор со Лазаров, решиле тој да го пропушти следниот натпревар со данците, кој ќе се одигра во понеделник. Стоилов најверојатно ќе го пропушти и натпреварот на Вардар против Нексе, кој е закажан за на 17.март во Нашице.