Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар покажува врвна форма, Стружанка повторно поразена (ФОТО)
ЖРК Вардар покажува врвна форма, Стружанка повторно поразена (ФОТО)

ЖРК Вардар покажува врвна форма, Стружанка повторно поразена (ФОТО)

ЖРК Вардар уште еднаш ја совлада Стружанка за седум дена, овој пат во 1.коло во 2021 година. Денес во Јане Сандански девојките на Ристова, Хмирова и Царчев, потешко од минатиот пат победија со 25-22.

160456401_10219197934161375_1596502730167399119_o 160623834_10219197931961320_5690003616675745772_o

Ние отворивме фуриозно и поведовме со 5-1 на оваа средба, со голот на Костовиќ Ангела во 11.минута. Игравме добро во одбраната, Грујовска Симона забележа неколку интервенции во почетните минути сето тоа ни донесе комотна предност. Игравме гол за гол па ја чувавме предноста од четири гола до 19.минута кога поведовме со 8-4 преку Трпевска Ивона. Противникот покажа заби и ја преполови предноста на само два гола (9-7). Со два гола предност влеговме во последнте 60.секунди (13-11), во напад погоди Костовиќ, Грујовска одбрани во последната секунда кога шутнаа гостинките со звукот на сирената.

160426674_10219197937361455_3206820392252114090_o 160405813_10219197937401456_1609123164701878351_o 160304971_10219197932481333_7923633828608129037_o 160157600_10219197931321304_4315917650585085375_o

На одмор заминавме со резултат 14-11. Вториот период започна со погодок на гостинот кој повторно се врати на два негатива (14-12), ние со погодоците на Диневска, Стефаноска и Трпевска и со интервенци на Илиќ поведовме со 17-13. Противникот постојано ја напаѓаше  нашата предност, на моменти доаѓаше до два негатива и имаше обиди да дојде на минимално заостанување. Сепак не успеаа ниту да дојдат на еден минус, ние ја исконтролиравме средбата и остваривме победа. Победата дојде со три гола повеќе, на семафорот стоеше 25-22 по 60.минути ракомет.

160215957_10219197931921319_5278293292992419497_o 160242324_10219197938441482_8243085632167805960_o

Блескава партија имаше Трпевска Ивона која погоди дури 9.пати, Костовиќ Ангела (100% учинок 4/4) и капитенот Диневска Бојана имаа по 4.гола. Галевска Марија стрелаше во 3 навртати, по два гола имаа Стојановска Михаела и  најмладата во тимот Сара Стефаноска.

160302904_10219197933601361_8538653302193831403_o 160302912_10219197936321429_3088881975670712018_o

Вардар имаше расположени голмани, девојките на Царчев денес  сопреа 43% од упатените удари (15/35). Во првиот дел Грујовска Симона имаше 7.одбрани, во вториот период сличен учинок имаше Илиќ, нашиот голман одбрани 8.удара.