Медија тимот на ЕХФ го прогласи најдобриот тим на колото во Лигата на Шампионите. Вардар загуби од екипата на Пик Сегед (34:33), но еден наш ракометар се најде во идеалниот тим
Станува збор за Иван Чупиќ, кој иако не е класичен десен бек, сепак се најде во најдобриот тим, токму на оваа позиција. Во отсуство на Вујин кој го напушти клубот, Чупиќ играше на оваа позиција, но повеќе од одлично го одработи натпреварот.
Чупко беше најефикасен на натпреварот со вкупно 9 голови и неколку асистенции кон своите соиграчи. Најдобриот тим на колото можете да го погледнете на линкот, ТУКА