Одново ве водиме низ блескавата историја на Атлетскиот Клуб “Вардар” – Скопје. Овој пат во целост ви ја пренесуваме атлетската сторија на едно големо име на атлетиката во Македонија, Илија Чашуле. Атлетичар кој бележеше исклучително врвни резултати во 70-тите години на минатиот век. Потоа животниот пат го одведе во Австралија. уживајте… 1976 година. Атлетско првенство на Македонија.
Главни ривали: ВАРДАР и Работнички. Големо ривалство.
Атлетиката во ова време е во длабока криза во РМ, многу малку квалитетни резултати, минимални пласмани на сојузни првенства…лоши тренери, лоши судии, младите не се интересираат, примитивно мерење на времето…
Соблекувалната на АК Вардар мизерна, еден и пол туш за дваесетина атлетичари. Пиеме чај од стари лушнати метални лончиња.
Првенството се одвива со резултати според т.н. ФИНСКИ таблици.
Да објаснам. Пресметувањето на бодовите се врши според квалитетот на резултатот а не според победите. А моите резултати носеа многу бодови бидејќи беа добри.
На пример, ако јас истрчам 400м за 50.2, ќе донесам 870 бодови, а вториот по мене ако трча за 51.5 ќе донесе 500 поени, а тој што ќе истрча 55 (150), а некои резултати се толку лоши што и не носат ни еден бод.
Јас бев пријавен на 100м, 200м, 400м, скок во височина, скок во далечина и штафети на Вардар на 4Х100 и 4Х400.
Се трчаше сабота попладне и недела наутро.
Во саботата во рок од 2.5 саати јас трчав:
во 3.00 100 м.
во исто време и 6 скока во далечина,
во 5.00 400м
во 5.20 штафета 4Х100.
(4 дисциплини)
Во неделата (од 9 наутро до 11.30 часот)
9.30 = 200м.
10.00-10.30 скок во височина (шест скока)
11.30 штафета 4Х400м.)
Како што сум пишал порано бев ПРВАК:
100м со резултат 11.2
400м со резултат 50.3
200м со резултат 22.4
скок во височина 1.80
Бев ВТОР во скок во далечина 6.15 м (зад Ѓорѓи Циривири исто од Вардар кој скокна олдични за тие услови 6.70 = добивме доста поени по финските таблици…)
За ШТАФЕТИТЕ, посебно за 4Х400 има посебна приказна, Ова беше некаков увод, контекст…Ако некого го интересира…ама ако фб е еден вид хроника, биографија, хмммм.
(ДИГРЕСИЈА)
1976 година беше златна ама и крајно напорна за мене. Зимата 1975-6 тренирав како луд, по два пати на ден, во 8 наутро (сам) без поштеда, среде студ. Тренинг утрината, па часови на факултет, па новинарство во Студентски збор, па во 3 редовен попладневен тренинг.
И згора на се, се заљубив….
Атлетиката е поединечен спорт, не можеш никого да го кривиш за неуспех освен себеси, треба да внимаваш да не се разболиш кога се главните натпревари, се бориш со штоперицата.
Јас во атлетиката се нурнав целиот, без остаток, жестоко, упорно, а згора на се татко ми се противеше силно на моето тркање и тренирање (велеше: „зошто се трошиш залудно, зошто си го губиш времето) и не дојде ниту на една трка – мене тоа не ми пречеше, јас имав цел и страст и никој не можеше да ме спречи (еднаш дури трчав со ангина, а криев дека сум болен од татко ми), фанатик. Значи, дојдовме до последната трка на првенството на Македонија во атлетика, штафетата 4Х400, таа е секогаш последна.
Пред неа бевме изедначени со Работнички. Кој ќе ја победеше штафетната трка ќе го освоеше првенството.
И одеднаш нам ни фали четврти човек.
Мене ми се стемни. Ѕрцките ми излегоа, и сега, да изгубиме оти немаме потполна штафета?!
Тука беше Зоран Димитровски, мој долгогодишен пријател и немаше намера да трча, ама се слече по гаќи и така незагреан застана на стартот.
Јас бев четврта, последна измена и палката ја добив со 60-тина метри заостаток.
И се кладеа зрителите во гајба пиво – која, ако Илија победи ја плаќа Работнички, ако Илија не го стигне атлетичарот на Работнички, гајбата ја купува Вардар.
Во мене се разбуди некој гнев, некој инает и си реков дека МОРАМ да го престигнам.
И го престигнав и го оставив 15 метри зад мене, он „клекна„ што би рекле ние четрстометрашите.
И Вардар стана шампион на Македонија, а во весниците имаше наслов „ШЕСТ ПОБЕДИ НА ЧАШУЛЕ„. Пак 1976, штафетата на Вардар (4Х100) се пласиравме во југословенското финале во Целје (се пласираа 12-те најдобри клупски штафети), во состав:
Зоран Тацевски, Ѓпрѓи Циривири, Момо Трајковски и јас…
Јас бев трета измена и палката требаше да ја примам од Момо Трајковски.
МЕЃУТОА
Јас тргнав пребрзо, Момо клекна, а мислам дека можеби и ми испадна палката и бевме дисквалификувани.
Вината беше МОЈА, избрзав, импулсивен, млад и зелен.
Ама другарите ми простија.
Ете и тоа се случува, а по ранг во преднатпреварите бевме 8-ми.
ВОДА ПОД МОСТОТ сега по 45 години (буквален превод од англиското WATER UNDER THE BRIDGE…