Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар може службено да го добие мечот со Фленсбург, неизвесно е и гостувањето кај ПСЖ
Вардар може службено да го добие мечот со Фленсбург, неизвесно е и гостувањето кај ПСЖ

Вардар може службено да го добие мечот со Фленсбург, неизвесно е и гостувањето кај ПСЖ

Вардар до крајот на групната фаза во Лигата на Шампионите треба да одигра уште седум натпревари, по што ќе биде познат конечниот пласман на екипите во двете групи.

Многу е реално, црвено-црните со службен резултат да го добијат натпреварот против Фленсбург. Градот Флензбург во Германија е доста погоден од новиот бран на ковид-19 и од мутациите од таканаречениот „британски сој“, па така, медиумите пишуваат дека ќе одат во строг карантин.

Единствената победа во ЛШ сезонава, нашиот состав ја издвојува токму против тимот на Фленсбург, кога славевме во С.Ц. Јане Сандански со резултат 31:26, а лесно може да се случи да освоиме нови бодови против оваа екипа, но по службен пат.

Се уште не е познато дали ќе се одигра и оној дуел на гостувањето кај ПСЖ, со оглед дека и Франција се наоѓа во иста ситуација, што се однесува до ковид мерките.

Во следниов период, односно на 21 и 24.февруари, Вардар на домашен терен ќе го пречека тимот на Елверум, двата дуели според договорот ќе се одиграат во нашата арена. За вардарци претстои и дуели против екипата на Брест Мешков, односно ПСЖ кои исто така треба да се одиграат во Јане Сандански.

Познато е дека ЕХФ донесе одлука, да сите екипи без разлика на конечниот пласман во групите, да обезбедат пласман во 1/8 финалето.