Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чувара ја наполни мрежата на Мароко, репрезентацијата на Полска победи на подготвителен натпревар
Чувара ја наполни мрежата на Мароко, репрезентацијата на Полска победи на подготвителен натпревар

Чувара ја наполни мрежата на Мароко, репрезентацијата на Полска победи на подготвителен натпревар

Претстојниов период актулни се подготвителните натпревари на ракометните репрезентации кои ќе бидат дел од мундијалот, кој ќе се одигра во Полска и Шведска во периодот од 12-29.јануари.

Токму репрезентацијата на Полска, за која настапува еден вардаров ракометар, стигна до победа во дуелот со репрезентацијата на Мароко, на новогодишниот турнир кој се игра во Катовице. Полјаците имаа предност во текот на целиот натпревар и на крајот заслужено стигнаа до триумф. На полувреме имаа водство од 17:11, додека конечниот резултат гласеше 30:23.

Најефикасен во редовите на Полска беше токму играчот на Вардар, Јан Чувара, кој натпреварот го заврши со 10 постигнати голови.