Есенското засилување на РК Вардар 1961 од Полска, Јан Чувара, има одлична сезона зад себе во домашниот шампионат. Крилото на Горњик Забже е номинирано во изборот за „најдобро лево крило“ на сезоната во конкуренција на уште четворица ракометари.
Има голем процент на прецизност, факт кој радува, па така Чувара во досегашниот тек од сезоната успеа да постигне 79 погодоци од 100 обиди, односно има речиси 80% успех. Покрај тоа има зад своето име и одлични 20 асистенции до соиграчите.