Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Вардар и Лозница денес во Скопје го означуваат почетокот на Регионалната боксерска лига
Вардар и Лозница денес во Скопје го означуваат почетокот на Регионалната боксерска лига

Вардар и Лозница денес во Скопје го означуваат почетокот на Регионалната боксерска лига

Денес од Скопје почнува Регионалната лига во бокс со средбата меѓу Вардар и Лозница од Србија.

Мечот ќе се одржи во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20 часот, без присуство на гледачи, но со пренос на ТВ Аренаспорт 1.

Од нашите боксери треба да настапат Јасин Лама, Октај Фератов, Ардијан Аземи, Хурмет Јонузи, Беќир Лимани и други, но ќе има засилувања од Србија и од Косово во категориите каде што сме слаби во сениорска конкуренција.

Претседателот на Боксерската федерација на Македонија, Примислав Димовски, очекува добар бокс и добра организација, а за македонските боксери ова ќе биде од оголемо значење, бидејќи така ќе имаат повеќе борби и ќе се стекнат со соодветно искуство.

primislav-dimovski

Димовски вели дека долгорочно македонскиот бокс ќе има придобивки од натпреварувањето во Регионалната лига, а целта е да се подготват боксери за големите меѓународни натпреварувања.

Распоред на 1.коло:

Група А

Вардар Скопје – Лозница (27.05.2021)

Железничар Сараево – Подгорица (28.05.2021)

Група Б

Витези Загреб – Радник Бјелина (05.06.2021)

Црвена звезда Белград – Марибор (29.05.2021)

извор:Ipon.mk