Еден од најмладите и најперспективните куглари во Македонија, Горг Поп-Крстев доби „прекоманда“ во Вардар(А). Црвено-црниот куглар во 2019/2020 сезоната имаше прекин поради работен ангаржман во странство, потоа се врати во Скопје и во својот тим Вардар.
Есенскиот дел од сезоната го одигра во Б-тимот каде што покажа квалитет и блесна на неколку пати, што можеше да се види со местата во топ-6, иделниот тим на колата во Македонската кугларска лига. Во топ-форма е па раководството на клубот го префрли во А-тимот.
Вардар(А) е во битка за титулата па помошта на Поп-Крстев е добредојдена, Макпетрол е само на бод предност, повеќе од очекувано е меѓусебниот дуел да го даде новиот владател на македонското куглање за сезоната 2020/2021.