Вчера на програмата беше 12.коло во плеј-офот од ракометната Супер лига. Вардар и Еурофарм Пелистер ги оправдаа улогите на фаворит продолжувајќи ја на тој начин борбата за шампионската титула.
Вардар стигна до рутинска победа на гостувањето кај екипата на Струга, на натпревар на кој немаше никакви проблеми околу освојување на бодовите. Црвено-црните и со вториот состав успеаа да слават со висока разлика (22:35) и на тој начин да ја забележат 11 победа која ги доближува до освојување на титулата во домашната лига.
Еурофарм Пелистер полесно од очекувањата го доби дерби натпреварот во Битола против екипата на Металург, додека натпреварот кој значеше пласман во Лигата на Европа од следната сезона, заврши со нерешен резултат меѓу екипите на Бутел и Тинекс Пролет. Охрид очекувано на домашен терен го победи вториот тим на Еурофарм Пелистер.
Комплетни резултати 12 коло:
Бутел Скопје – Т. Пролет 26-26
Е. Пелистер – Металург 34-24
Струга – Вардар 1961 22-32
Охрид – Е. Пелистер 2 24-21
Вардар и Еурофарм Пелистер имаа по 33 бодови на табелата, додека Тинекс Пролет има 19.