Последните натпревари за оваа натпреварувачка сезона за тимот на РК Вардар ќе бидат дуелите од 1/8 финалето во СЕХА-лигата против екипата на Металопластика. Истите се закажани за 7 и 8.јуни во С.Ц. Јане Сандански.
Интересно е тоа што екипата на Металопластика за овој двомеч против Вардар ќе има нов тренер. Веселин Вуковиќ и клубот спогодбено го раскинале договорот, а наводната причина е здравствената состојба на Вуковиќ.
Се уште не е познато името на новиот стратег кој ќе ја предводи екипата на Металопластика до крајот на сезоната.