Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар ја „разби“ Деспина со 20+, наjмладата Стeфаноска прв стрелец
Вардар ја „разби“ Деспина со 20+, наjмладата Стeфаноска прв стрелец

Вардар ја „разби“ Деспина со 20+, наjмладата Стeфаноска прв стрелец

ЖРК Вардар го осигурува полека „сребреното“ место во лигата, денес во Прилеп ја совлада високо екипата на Деспина со резултат 16-36.

Деспина даваше отпор на почетокот на средбата  постојано беше на само  гол заостаток, најпрвин беше 3-2, а на само гол негатива беа се до   7-6. Ривалот се обиде да парира и да има активен резултат, но добрата игра во одбраната, што е наша одлика, како и доброто голманско трио донесе вардаров бум. На одмор заминавме со дури 9.гола, предност, одигравме пеколно добро во вториот дел на 1.полувреме.  На одмор заминавме со резултат 16-7 за нас.

Вториот дел започна со гол за нас за прв пат во овој период да отидеме на двоцифрена предност, поведувајќи со 10.гола (17-7). Ривалот одамна немаше сила да се спротистави на црвено-црната машина, од тој момент до крајот разликата ја зголемивме за двојно, на крајот девојките на Ристова и Царчев победија со двесет гола повеќе, односно со 36-16.

Најмалата, но денес најангажираната ракометарка, Стефаноска погоди 7.пати и беше прв стрелец. Миновска Сара исто така одигра инспиративен дуел и стрелаше 5.пати колку и Трпевска. Васевска Златица повторно покажа дека може да биде на ниво на овој тим со три гола. Голманите беа одлични,  Илиќ имаше 7.одбрани, Трајкоска одбрани 4.удари( со најголем % на одбрани беше денес), а Грујовска допринесе со две интервенции.