Продолжува победничкиот поход на РК Вардар 1961 кон титулата. Вечерва лесно и убедливо со резултат 22-32 беше совладана екипата на Струга.
Тренерот на вардарци на овој натпревар ги одмори најдобрите играчи, па шанса добија оние со помала минутажа. Посебно се истакна Димитар Димитриоски, а забележителен настап имаа и младите Карапалевски, Јагуриновски како и поискусните Валчак, Талески и Векиќ. Вардарци го контролираа текот на целиот натпревар, а на полувреме имаа и предност од плус пет, 10-15. Во вториот дел ,,црвено – црните” имаа уште по убедлива игра, за на крајот да победат со ,,округли” десет разлика.
Најефикасен играч на натпреварот беше Димитар Димитриоски со 11 гола, Карапалевски и Валчак дадоа по пет, додека Талески и Векиќ по четири, кај домаќините Христијан Крстановски и Филип Пајкоски постигнаа по 6 гола.
Следуваат пресметките против Пролет и Металург, за и официјално да биде запишана ,,двојната круна”.