Вчера по долго време се одигра дуел на Вардар во Македонската кугларска лига. На програмата беше “братскиот дуел“ помеѓу Вардар(А) и Вардар (Б). Победата ја оствари А-тимот, но она што посебно радува е компактна игра на Вардар А, резултат кој носи силна надеж за дуелот за титула со Макпетрол. Дефинитовно после неколку години „пумпашите“ неможат и нема прерано да слават титула, ќе треперат се до меѓусебниот дуел со Вардар(А), чии победник ќе стави рака на пехарот.
На напреварот кој се одигра во кугларницата „Мусандра “ во Гратскиот трговски центар, А-тимот на црвено-црните победи со резултат 6-2 (16-08). Она што радува е дека ја минаа бројката од 3300 соборени „дрва“ како екипен резутат. Згонц кај победникот имаше 569, Манев собори 558, а Ристиќ имаше 556.
Кај поразените на овој дуел од 8.коло во МКЛ, она што радува е дека беше одличен доскорешниот јуниор, Љупчо Митиќ со 550 “соборени дрва“.
Да напоменем дека во тимот на Вардар(А) недостасуваа квалитетните поединци: Дарко Димитровски, Коста Ристоски и Миле Димковски.