Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Прибак: Михајловски е спасител на Вардар, македонската „двојната круна“ е голем успех
Прибак: Михајловски е спасител на Вардар, македонската „двојната круна“ е голем успех

Прибак: Михајловски е спасител на Вардар, македонската „двојната круна“ е голем успех

Поранешниот ракометар на Вардар,  србинот со мак.пасош, Немања Прибак кој во скопскиот тим настапуваше од 2007 до 2009  и од 2012 до 2015 година имаше интервју за „Балкан Хендбол“.  Помеѓу другото се осврна и на сезоната на поранешниот клуб, каде што беше миленик на навивачите. Тој вели:

Мислам дека оваа сезона е навистина добра, четири на пет, или пет на четири, знаете она кога ве оценува учителката во училиште. Зошто го велам ова? Поради тоа што се променија многу работи. Не една, не две, се промени се. Се промени управата, секретарот, цел комплет во клубот. Го познавам Михајло и верував дека никогаш нема да се врати во Вардар. Се појави како вистински спасител. Да не беше тој, клубот ќе згаснеше. Михајловски, доведе се што најде на пазарот, го промени тренерот, а ова беше многу неблагодарна сезона и за него и за тренерот. Испаднаа од Веспрем, но го освоија домашното првенство и Купот покрај Еурофарм Пелистер кој има супер тим. Зошто оваа сезона да не е добра? Зарем требаше да одат на фајнал-фор?-завршува некогашниот мак.репрезентативец.