Полскиот репрезентативец, Јан Чувара, во новата сезона нема да го гледаме во дресот на Вардар.
Во изјава за полските медиуми, Чувара, истакнал дека бара нов клуб, иако со Вардар биле блиску до продолжување на соработката.
Повредата си го направи своето, пред крајот на сезоната на натпревар во домашната Супер Лига, Јан Чувара, незгодно се повреди и не ја доврши сезоната, а најверојатно ќе ги пропушти и летните подготовки во случај и да пронајде нов клуб.
Од Вардар, освен претставувањето на Петриќ, засега нема официјална информација за ново засилување, а клубот веќе го напуштија Моралес и Талески.