Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Јан Чувара со Полска се пласираше во следната фаза на СП
Јан Чувара со Полска се пласираше во следната фаза на СП

Јан Чувара со Полска се пласираше во следната фаза на СП

Ракометната репрезентација на Полска за која настапува Јан Чувара успеа да се пласира во следната фаза на Светското ракометно првенство, откако успеа во рамките  на 3.коло во групата да ја совладаат репрезентацијата на Саудиска Арабија.

Полска потешко од очекувањата стигна до победата која беше изразена со резултат 27:24. Во најголем дел од натпреварот, С.Арабија беше рамноправен противник, но на крајот на победата се радуваше домашната репрезентација. Играчот на Вардар, Јан Чувара успеа да постигне еден гол, исто толку постигна и во поразот против Словенија, додека на натпреварот со Франција не се запиша во листата на стрелци.

Полска во следната фаза нема да пренесе бодови, со оглед дека С.Арабија ги заврши настапите на првенството, додека Франција ќе пренесе максимални 4 бода, а Словенија 2.