Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ДА НЕМА ЗАБУНИ: Вардар во новата сезона ќе игра во СЦ. ,,Јане Сандански”

ДА НЕМА ЗАБУНИ: Вардар во новата сезона ќе игра во СЦ. ,,Јане Сандански”

Како што објавивме во текот на вчерашниот ден, шампионот на Македонија попладнево стартот на новата сезона го имаше  на малку невообичаено место,  во училишната сала во ОУ „Круме Кепески“ во Кисела Вода.

Е сега, причината зошто Вардар започна во оваа сала е тоа што има Женско кадетско СП што се одржува во Скопје. Одма штом заврши овој настан, Вардар се враќа во својата сала и продолжува со работа за идната сезона.

Да напоменеме дека Вардар останува да ја користи својата сала и сега, но само оној дел од теретаната во СЦ „Јане Сандански“.

Во пресрет на новата сезона на крајот на август вардарци ги очекува четвртфинален натпревар со Нексе во СЕХА, па Суперкуп против Еурофарм Пелистер и потоа старт на Суперлигата на Македонија.