Ракометарите на Вардар во недела во Битола го играат најважниот натпревар оваа сезона. Играчите на Давид Дејвис мораат да го покажат својот победнички карактер и со самото тоа да издвојуваат уште една тешка победа кога е најпотребно и да слават уште една титула.
Покрај големината на овој натпревар која се вика победа и титула, Вардар мисли и на Лигата на шампионите, па токму затоа треба тимот да победи и со сигурност да игра и следната сезона во ЛШ, во спротивно ќе стравува за свое учество во истата во новата сезона.
Како велат.. јунаците на мака се познаваат, па така нека биде овој пат и за ракометарите на Вардар. Инаку, дуелот во недела ќе започне со почеток од 19 часот.