Sunday ,26 May 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Дербито, Ѓорче Петров-ЖРК Вардар закажан за 2.мај
Дербито, Ѓорче Петров-ЖРК Вардар закажан за 2.мај

Дербито, Ѓорче Петров-ЖРК Вардар закажан за 2.мај

По паузата поради ЕХФ неделата и по крајот на велигденските празници овој викенд продолжуваат возбудувањата во женската ракометна сениорска конкуренција. На програмата е 11.коло од плеј-офот, во него девојките на Ристова и Царчев ќе бидат дел од дербито на колото.

ЖРК Вардар ќе гостува во скопската населба Ново Село кај тимот кој е пред нас на табелата, екипата на Ѓорче Петров-ЖРК. Ривалот во моментот е второпласиран на табелата и  има 27.бода, два повеќе од црвено-црните дами кој се на позицијата број три.

Натпреварот е закажан за понеделник, 2.мај, истиот ќе се одигра со почеток во 19 часот и 30 минути.