Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Да се запре Холгер Гландорф!

Да се запре Холгер Гландорф!

Пред Вардар стои голем предизвик наречен Флензбург. Како да се запрат бековите на германскиот тим кои носат многу голови од надворешните позиции. Доколку Вардар сака да оствари позитивитен резултат во Германија, тогаш ќе мора да го задржи можеби најдобриот играч на тимот, репрезентативецот на Германија, Холгер Гландорф.

Гландорф е добро познат на нашата ракометна јавност и на тимот на Вардар. Овој играч располага со одличен удар од далечина, кога ќе се дигне на шут, доколку блокот на една екипа не е добро поставен, тогаш голманите имаат огромни проблеми да го задржат неговиот удар.

И листата на стрелците во противничкиот тим покажува од каде ќе доаѓа најголемата опасност по нашиот гол. Овој играч досега во ЛШ има постигнато 47. голови. За мало потсетување, Гландорф ја одби големата Барселона оваа сезона.

Останува да видиме каква тактика нашиот тренер спремил за Холгер Гландорф.