Wednesday ,16 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Распоред на натпревари за младинските екипи на РК Вардар во рамките на лигата и купот

Распоред на натпревари за младинските екипи на РК Вардар во рамките на лигата и купот

Неколку екипи на ракометниот клуб Вардар викендов ќе имаат настапи во рамките на првенството и купот.

Екипата на РК Вардар 2 која се натпреварува во првата лига, во сабота ќе го одигра натпреварот од четвртфиналето на купот во својата група. Противник за избраниците на Зоран Петковски ќе биде екипата на Радовиш, која е организатор на турнирот во оваа група бидејќи важи за голем фаворит во дуелот со младите Вардарци. Другата четврфинална двојка ја сочинуваат екипите на на РК Вардар и ГРК Борец. Победниците од овие мечеви ќе играат во финалниот меч, а пак победникот од овој дуел ќе се пласира на завршниот турнир во националниот куп. Натпреварот на Вардар 2 со Радовиш е закажан да се одигра во сабота со почеток од 16 часот.

Во Радовиш, во рамките на младинската лига од групата 2 ќе гостуваат и младинците на РК  Вардар Јуниор. Тие својот меч со Радовиш го играат во недела со почеток од 17:00 часот. Другата младинска екипа на РК Вардар нема натпревар овој викенд, поради настапот на турнирот во Босна и Херцеговина.

Натпреварите од второто пролетно коло во грпата 2 од лигата ќе ги продолжат пионерките на РК Вардар. Избраничките на Ристова и Пецевска во недела од 17 часот во Стругаа гостуваат на екипата на Стружанка. Мечот се игра во сабота од часот. Вардарки се лидери во својата група со шест победи, од исто толку одиграни мечеви.

Пионерите својот натпревар со Работнички ќе го одиграат во друг термин, поради учеството на турнирот “Ракометот во срцето, Завидовиќи 2017“, додека мечот на Вардаровите младинки со Делчево ќе се игра следниот петок.