Почнувајќи од вечерва ќе се одиграат реванш натпреварите од осминафиналето во Лигата на Шампионите. Вечерва на програмата е дуелот на Фленсбург и Кристијанштад, на кој бундеслигашот има предност од четири голови од првиот меч и е многу блиску да се промовира во трет четврфиналист, после екипите на Вардар и ПСЖ. Што се однесува до Европскиот шампион, тимот на Вардар кој го очекува својот противник во четврфиналето и последната пречка кон ново учество на завршните турнири. Кил има голема позитива од седум голови разлика на првиот дуел кој се играше во Германија, а Пик Сегед на реваншот кој ќе се одигра во недела на теренот на унгарците ќе има тешка задача да ја анулира оваа негатива. Од другите дуели интересно ќе биде на реваншот во Веспрем, каде избраниците на Љубомир Врањеш “бркаат“ седум голови негатива од првиот меч одигран во Данска против екипата на Скјерн, како и во “Палау Блауграна“, каде Барселона треба да надомести три голови разлика во дуелот со Монпелје, ако сака да се пласира во четвртфиналето.Нант и Киелце на реванш натпреварите треба само да го потврдат пласманот во најдобрите осум екипи, со оглед дека имаат голема предност, остварена на првите мечеви од осминафиналната рунда.
Кој и да биде противник на Вардар во четврфиналето, првиот меч ќе се одигра на гостински терен, во периодот од 18-22 април, додека реваншот во С.Ц. Јане Сандански на програмата ќе биде од 25-29-ти април.