Познати се деновите и термините на одигрување натпревари на завршниот турнир во Лигата на Шампионите, во машкиот и женскиот дел.
Завршниот турнир во машкиот дел на најдобрите четири екипи кој последниве наназад години се одигрува во Келн и тоа во “Ланксес арената“, на програмата ќе биде на 26 и 27-ми мај. Вардар треба да ја помине и последната пречка пред пласманот на Ф4 во Келн, а тоа ќе биде најверојатно екипата на Кил, која има седум голови предност на првиот меч во дуелот со Пик Сегед. На 26-ти мај ќе се одиграат полуфиналните натпревари, во термините од 15:15 и 18:00 часот, додека во истите саатници веќе следниот ден на програмата ќе бидат малото и големото финале, по што ќе го дознаеме шампионот на Европа, а трофејот во најголемото натпреварување го брани токму Вардар.
Будимпешта и арената “Ласло Паб“ повторно ќе ги нагостат најдобрите четири екипи во женската Лига на Шампиони. Завршниот тунир ќе се одигра на 12-ти мај кога на програмата се полуфиналните мечеви и тоа во термините од 15:15 и 18:00 часот, додека на 13-ти мај ќе се дознае новиот владател кај жените. Наптреварот за бронзениот медал се игра од 15:15 часот, додека финалето ќе започне од 18:00 часот. Вардарки ќе “бркаат“ петта среќа за освојување на Европската титула, но претходно треба да ја поминат екипата на Митјиланд, која им е противник во четвртфиналната рунда.