Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дали Вардар ќе патува во Русија, Спартак Москва се приклучува на СЕХА-лигата ! ?
Дали Вардар ќе патува во Русија, Спартак Москва се приклучува на СЕХА-лигата ! ?

Дали Вардар ќе патува во Русија, Спартак Москва се приклучува на СЕХА-лигата ! ?

Иако беше објавен начинот на натпреварување во СЕХА-лигата, како и групите во кои ќе бидат сместени екипите, сепак може да има и дополнителна промена.

Според најавите од руските медиуми, екипата на Спартак Москва може да биде новиот член на ова натпреварување, на местото на Татабања од Унгарија, која го откажала учеството во СЕХА-лигата. Во текот на утрешниот ден, клубот од Москва ќе закаже прес-конференција, на која треба да го потврди учеството во СЕХА-лигата, во новата натпреварувачка сезона, што ќе значи за прв пат во историјата на ова натпреварување да има екипа од Русија.

Тоа значи дека и актуелниот шампион на лигата, тоа е тимот на Вардар, ќе треба да патува за Русија, со оглед дека Татабања беше во нашата група. Утре ќе бидат познати сите детали, околу можното вклучување на Спартак, со оглед дека во наредниот период треба да биде објавен и распоредот, како и термините на одигрување мечеви во СЕХА-лигата.