Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ВИДЕА) Погледнете ги „битките“ за пласман со Турција и Белорусија
(ВИДЕА) Погледнете ги „битките“ за пласман со Турција и Белорусија

(ВИДЕА) Погледнете ги „битките“ за пласман со Турција и Белорусија

Македонија заврши на 6.позиција на ЕХФ Шампионатот во Италија, по освојување на 3.позиција во групата-Б разигрувавме со Турција и Белорусија за пласман од 5-8.место. На тие средби имавме половичен успех, истите се достапни за гледање на ЕХФ ТВ.

На шампионатот во Италија во првиот меч за пласман  од 5до8место се сретнавме со Турција. Победата беше осигурана со добра игра на нашиот кадетски тим кој победи со 36-25 На оваа средба од вардарки се истакнаа голманот Јована Трајкоска која беше двоцифрена и имаше 11 одбрани, прв стрелец беше Андреа Седлоска со 6 гола  зад неа беа Коларовска Ана Марија и Мими Петковска со 4, МВП беше избрана вардаровиот пикер Катерина Дамјановска. Дуелот може да го погледнете ТУКА!

Вчера по победата над Турција се сретнавме со Белорусија во средбата за поделба на позициите 5 и 6 на Шампионатот. Иако водевме во поголем дел од дуелот на крај бевме поразени со 40-36. Од вардарки на оваа средба се истакнаа: голманот Симона Грујовска која повторно отиде на 19 одбрани, прв стрелец беше вардарки беше Стефанија Ѓорѓиевска со шест гола, Коларовска Ана Марија имаше пет, Фани Ѓорѓиевска го доби и МВП признанието. Оваа средба може да ја пронајдете на следниот ЛИНК