Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дејвис: Веспрем е фаворит, но кога Вардар игра дома секогаш оди на победа
Дејвис: Веспрем е фаворит, но кога Вардар игра дома секогаш оди на победа

Дејвис: Веспрем е фаворит, но кога Вардар игра дома секогаш оди на победа

Во четврток се игра првиот натпревар од 1/8 финалето во ЛШ, на кој Вардар ќе биде домаќин на тимот на Веспрем.

Во пресрет на овој натпревар, тренерот на Вардар, Давид Дејвис даде свое видување, истакнувајќи дека доколку сакаме да го победиме Веспрем ќе мораме да играме константно добро во текот на сите 60 минути.

-За мене полесно е да разберам како игра Веспрем. Сепак, тие се многу силна екипа. Индивидуално и колективно се силни. Тие се комплетен тим и мислам дека од стартот секогаш бил на врвот. Веспрем е фаворит, ама ние играме дома. Вардар секогаш се бори, особено дома.

Вардар во саботата доживеа пораз на домашен терен од екипата на Еурофарм Пелистер во рамките на домашното првенство, но Дејвис потенцира дека дуелот со Веспрем ќе биде сосема поинаков.

-Ова е комплетно поинаку од дуелот со Еурофарм Пелистер, друго натпреварување. Екипата е едно кога игра во Македонија, а друго кога настапува во ЛШ. Мораме да бидеме добри на целиот натпревар, пред сè во одбрана, а потоа и во напад да не губиме топки. Со максимална игра и на домашен терен, можеме да победиме. Круцијално е да играме 60 минути фокусирано, бидејќи само така може да имаме шанса за победа. Веспрем можеби ги виде слабите страни, но секој тим има такви денови и тие кикснаа и одиграа реми во домашниот шампионат. Пак ќе кажам, не смее да се споредуваат натпреварувањата. Во ЛШ одлучуваат нијанси, па секој сегмент ќе биде важен, истакна Дејвис пред медиумите.

Натпреварот во четврток ќе започне од 18:45 часот.