PK Вардар 1961 го очекува најважниот натпревар во Лигата на шампионите, домашниот воедно прв дуел од осминафиналето против Веспрем. И минатата година црвено-црните се соочија со истиот противник и загубија двапати лесно и убедливо, затоа нема прашање за улогата фаворит.
Македонскиот репрезентативец, крилото на црвено-црните Гоце Георгиевски за дуелот од елитната лига кој е програмата во четврток од 18.45 часот во Јане Сандански на денешната прес-конференција изјави:
-Добро познат противник за нас. Сите многу добро знаеме за каков тим станува збор, доста квалитетна екипа, со премногу добри играчи. Минатата година исто така игравме со нив. Се подготвувавме неколку дена за Веспрем, колку што ни дозволува времето. Можам само да ги повикам љубителите на ракометот в четврток, затоа што навистина ќе ни треба поддршка. Ние ќе гледаме она што го работиме на тренинзите да го пренесеме и на терен и мислам дека колку поблиску ќе бидеме до исполнување на тие планови, толку поблизу ќе бидеме некој добар резултат во четврток. Тешко е да се каже кој резултат е добар. Некогаш пет разлика можеби изгледаат добро, а да не бидат доволно, а некогаш еден разлика е доволно. Секој натпревар си има своја тежина. Мислам дека за нас е добро што го играме првиот натпревар на домашен терен - рече Георгиевски