Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дејвис: Војводина е опасен противник, играчите знаат што и како треба да играат
Дејвис: Војводина е опасен противник, играчите знаат што и како треба да играат

Дејвис: Војводина е опасен противник, играчите знаат што и како треба да играат

Вардарци денес отпатуваа за Нови Сад, каде утре ги очекува натпревар од 2.коло во СЕХА-лигата. Наш следен противник е екипата на Војводина. Црвено-црните ќе се обидат да стигнат до првиот триумф во ова натпреварување, со оглед дека во првото коло бевме поразени од екипата на Нексе.

„Натпреварите во групната фаза на СЕХА лигата се исти, мора да играме многу подобро отколку против Нексе и да се корегираме. Вчера против Пролет изгледавме многу подобро. Сепак, мора да продолжиме со работа и на теренот да играме подобро од првиот дуел. Ние ги знаеме опасните страни на Војводина која е водена од Прибак кој игра за екипата и добро ја води. Дисциплинирани се и имаат добар голман, па кога играат дома се многу опасен ривал. 

Околу напредокот, ние немаме време за многу тренинзи и уште е рано. Сепак, веќе вчера се виде разлика од првиот меч. Играчите знаат што и како треба да играат и тоа им влегува во глава, па чекор по чекор ќе биде подобро“,