Екипата на Војводина ќе биде следниот противник за Вардар. Ова е натпревар во рамките на 2.коло во СЕХА-лигата, натпреварување на кое Вардар ќе се обиде да стигне до првата победа сезонава.
Своите очекувања за утрешниот натпревар во Нови Сад, ги сподели играчот на Вардар и репрезентативец на Србија, Дарко Ѓукиќ.
-Очекуваме тежок натпревар, нема да биде ни малку лесно. Војводина игра дома, но ние одиме на победа и мора да го добиеме овој натпревар. Тие се во ист состав како и лани, најмногу им зависи играта од Прибак и Николиќ. Одиме по два бода, не смееме да губиме лесно топки, да играме добра одбрана, подобар напад отколку со Нексе, тоа се некои наши цели, па ќе видиме што ќе реализираме од тоа утре.
Натпреварот утре се игра од 17:30 часот.