Ракометнитот клуб Вардар денес ја започнува одбраната на “круната“ во машката Супер лига. Во првиот дуел за нас од плеј-офот ќе бидеме домаќини на тимот на РК Пролет 62. Натпреварот е закажан за денес, понеделник (15.април) со почеток во 18-30 часот во Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје.
За нас покрај играчите кои не се опфатени со репрезенативни обврски ќе настапат и шест дебитанти. Станува збор за играчи од кадетскиот тим на Вардар предводен од Будимир и Станковски. Момците кои се репрезентативци ќе добијат прилика да дебитираат како сениори во нивниот клуб што е сон за секој млад играч. Повикани за настап се Благој Димчевски, Велимир Груевски, Давид Савревски, Симон Калајџиевски, Марио Мишевски и Дамјан Србиновски. Станува збор за талентирани играчи кои се “јадрото“ на кадетско/младинскиот тим, екипа која лани освои пионерска титула, а оваа сезона под водство на Будимир доминира во кадетската лига.