Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Бисинов Вардар го освои машкиот дел од турнирот „Еден живот, една љубов“
РК Бисинов Вардар го освои машкиот дел од турнирот „Еден живот, една љубов“

РК Бисинов Вардар го освои машкиот дел од турнирот „Еден живот, една љубов“

Денес во Јане Сандански  се играат дуелите за пласман на турнирот „Еден живот, една љубов“. Кај момците родени 2006/2007 се одиграа  големото   финале. По истото тимот на РК Бисинов од Велес ја совлада екипата на РК Будимир Вардар од Скопје.

2

Првиот дел започна со водство на велешани, момците од Скопје веднаш изедначија за почетни 1-1. Велешкиот тим почна да доминира потоа на мечот, успеа да се одлепи на 8-2 некаде на средината од првиот дел. Потоа двата тима погодија по два пати во двете мрежи за резултат 10-4, велешани во последниот напад стрелаа за 11-4 резултат со кој се замина на одмор.

2a 2q 2y

Вториот дел од финалето кое се играше во малата сала при СЦ „Јане Сандански“ во Скопје започна со серија 7-0 за велешани. Бисинов доминираше на теренот и поведе со високи 18-4. Се до крајот беше чиста формалност, златото веќе беше „резервирано“ за момците од централниот дел на Македонија. Победата дојде со резултат 20-5.

72388762_413003159407258_9009616187457273856_n