Friday ,20 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Денес ќе биде познат ракометниот Шампион на Македонија, Вардар е домаќин на Металург
Денес ќе биде познат ракометниот Шампион на Македонија, Вардар е домаќин на Металург

Денес ќе биде познат ракометниот Шампион на Македонија, Вардар е домаќин на Металург

Денес ќе биде познат Шампиониот на Македонија во ракометното првенство. Во рамките на последното 14.коло, Вардар е домаќин на тимот на Металург. Со евентуален триумф, Вардар ќе ја освои 14.првенствена титула во својата историја.

За црвено-црните е потребна било каква победа за да се промовираат во Шампиони на Македонија, додека Металург веќе го обезбеди пласманот во Лигата на Европа. Вардар е фаворит на натпреварот кој вечерва ќе стартува од 19:00 часот во малата сала на С.Ц. Јане Сандански.

Судиската правда е доделена на најдобрите, се работи за Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Двојки за последното 14.коло, сите натпревари стартуваат од 19:00 часот.

Вардар – Металург

Бутел – Еурофарм Пелистер 2

Струга – Пролет

Еурофарм Пелистер – Охрид