Thursday ,19 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пред две години, Вардар повторно ја „покори“ Европа и по втор пат ја освои ЛШ
Пред две години, Вардар повторно ја „покори“ Европа и по втор пат ја освои ЛШ

Пред две години, Вардар повторно ја „покори“ Европа и по втор пат ја освои ЛШ

Пред точно две години, тимот на РК Вардар успеа по втор пат во својата историја да ја освои Европската титула.

На денешен ден се одигра големото финале во Келн, во кое се сретнаа нашиот Вардар и екипата на Веспрем. Избраниците на Гарсија Парондо славеа во финалниот дуел со резултат 27:24. Гледавме квалитетен натпревар, се играше израмнето, но Вардар беше екипата која имаше контрола на резултатот. Иако влеговме како „аутсајдери“ на завршниот турнир, сепак Вардар повторно ја покори Европа и се радуваше на скапоцениот трофеј. Најефикасен играч во финалето од редовите на Вардар беше Мораес Фереира кој постигна 6 голови, додека Чупиќ постигна 5 голови.