Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Денес можете да набавите билет за натпреварот на Вардар против Загреб
Денес можете да набавите билет за натпреварот на Вардар против Загреб

Денес можете да набавите билет за натпреварот на Вардар против Загреб

Денес ќе бидат пуштени билети за натпреварот на Вардар против ППД Загреб, кој е закажан за утре со почеток од 20:15 часот, во рамките на 1/4 финалето од СЕХА-лигата.

Како што објавија од клубот, за овој натпревар салата ќе биде исполнета со капацитет до 1.800 гледачи, па кои денес ќе бидат најбрзи да набават БЕСПЛАТЕН билет, ќе можат во живо утре да го проследат натпреварот од трибините во С.Ц. Јане Сандански.

Билетите ќе бидат достапни на БИЛЕТАРНИЦАТА 2 (пред влезот на малата сала во СЦ „Јане Сандански” (25 август 2021 година) во периодот од 11:30 до 15:30 часот.

Според последните протоколи што ги усвои Владата, влез ќе им биде дозволен само на лицата кои ќе имаат:

* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст

Истиот треба да го покажат при влегување во салата.