Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Најперспективниот пионерски бек, Шехтанска од Металург мина во Вардар, наскоро неколку нови имиња во вториот тим
Најперспективниот пионерски  бек, Шехтанска од Металург мина во Вардар, наскоро неколку нови имиња во вториот тим

Најперспективниот пионерски бек, Шехтанска од Металург мина во Вардар, наскоро неколку нови имиња во вториот тим

По кадровските измени во вториот тим на ЖРК Вардар, пионерско-кадетскиот и заминувањата на неколку девојки во Супер лигаши, клубот повлекува нов потег. Заминувањата само покажаа дека тоа е потврда за квалитетната работа и вистинскиот „рецепт“ за создавање на играчи кои го има Вардар.  Црвено-црните и понатака ќе останат верни на својата визија создавање на сениорски ракометарки со висок квалитет, веќе од денес се екипира тимот со нови имиња, млади талентирани девојки на кои ќе им биде дадена прилика да израснат во врвни ракометари по „црвено-црн“ рецепт.

shek

За почеток ви преставуваме едно засилување, за само два-три дена ќе ви донесеме имиња на поголем број девојки кои ќе се приклучат на тимот воден од врвните тренери за млади девојки, Анжела Платон и Марија Папуџиева. За кратко време управата има намера овој тим да го направи на ниво на претходниот и да оди неколку скалила над тоа со квалитет. Од денес дел од оваа екипа е Ангела Шехтанска, еден од најпреспективните средни бекови во земјава.

Младата ракометарка покрај „плеј“ позицијата може да одговори на задачите на левата бековска позиција во тимот. Станува збор за ракометарка која претходно ја мина Вардар јуниор лигата, натпреварување кое донесе многу ракометарки. Преминува  од тимот на ЖРК Металург во нашиот втор тим, висока е 172.см , има само 13.години, а веќе има забележителен квалитет, велат за неа во ракометните кругови дека е една од најдобрите на таа позиција, вардовиот тим во вистински момент ја „прибра“ под своја закрила. Овој „дијамант“ ќе го брусат оние кои се најдобри за тоа, Платон и  Папуџиева.

shek2

Наскоро ќе ви донесеме информација за сите девојки кои полека пристапуваат кон оваа екипа, веќе ги има неколку, млади квалитетни и желни за напредок.  Се уште е отворен повикот на ЖРК Вардар за пистапување на девојки родени 2006, 2007 и 2008 во тимот, истиот може да го погледнете на нашиот сајт- ТУКА!