Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Денес нови натпревари за Вардаровите ракометари на СП во Франција
Денес нови натпревари за Вардаровите ракометари на СП во Франција

Денес нови натпревари за Вардаровите ракометари на СП во Франција

Денес е четврти ден на светското ракометно првенство кое се игра во Франција. Нови настапи ќе имаат ракометарите на Вардар со своите репрезентации, во очекување на нови победи на овој мундијал.

Македонската репрезентација по стартната победа против Тунис, вечерва ќе оди по нова победа, со која би ги зголемиле шансите за пласман во следната фаза од натпреварувањето. Веќе е објавен составот за вечерашниот меч кој започнува од 20:45 часот. Лино Червар се реши за истите 16 играчи со кои го играше и мечот против Тунис. Тоа значи дека во составот на Македонија повторно ќе бидат капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов и десното крило Мартин Попоски. Се надеваме на уште една добра игра на момците и нова радост за Македонија. Денес настапи ќе имаат и сите останати ракометари на Вардар кои се на ова СП со своите репрезентации. Рожерио Мораес Фереира со Бразил ќе атакува на првата победа. Нивни противник е ослабената селекеција на Полска. Русија за која играат Дибиров, Шишкарев и Деревен ќе игра против Норвешка. Вардаровото дуо, Кањелас и Душебаев со Шпанија ќе го тестираат Тунис, додека Хрватска на Циндриќ ќе се обиде да се прикаже во подобро светло на вечерашниот натпревар против Унгарија.