Sunday ,27 September 2020
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Џаба Џигаури ќе „тресе“ за Вардар!
Џаба Џигаури ќе „тресе“ за Вардар!

Џаба Џигаури ќе „тресе“ за Вардар!

ФК Вардар го доби и второто ново засилување oваа зима. Грузискиот репрезентативец Џаба Џигаури е нов играч на шампионот на Македонија екипата на Вардар. Џигаури доаѓа од редовите на Динамо Тбилиси како слободен играч.

gЏигаури во својата кариера покрај за Динамо Тбилиси, има настапувано и за тимот на Чикура. Овој 24 годишен играч има и два настапи забележано за грузиската А репрезентација. Едниот од овие два настапи му е против големата Шпанија. Џигаури настапува на крилните позиции, со повеќе офанзивни задачи. Се очекува Џаба Џигаури да биде големо засилување за Вардар во пролетниот дел од сезоната. Џигаури потпиша договор на една година, со можност истиот да се продолжи на уште две години.

„Прв пат сум во Македонија и моите први впечатоци за клубот Вардар и за градот Скопје се позитивни. Се чувствувам супер. Знам се за Вардар, ја знам ситуацијата со клубот, а и слушнав само добри работи. Се гледа клубот е организиран, има добри луѓе, се гледа дека имаат доверба во мене и многу ми е драго што сум дел од овој тим. Ветувам дека ќе дадам максимум за успеси на клубот. Знам дека екипата е на првото место и јас ќе давам се од себе на секој меч таму да остане, и сите заедно да придонесеме за успеси. Една од многуте причини поради кои дојдов тука е тоа што Вардар има големи амбиции и чекори напред. Ваква амбициозна екипа оди на секој меч на победа без разлика дали станува збор за првенство, Куп или Европа. Посакувам еден ден со Вардар да играм во групната фаза од Лигата на шампионите“, изјави Џигаури за официјалната страна на клубот.

Добредојде Џигаури!