Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > 1 коло група А и Б во женскиот дел на зимскиот турнир кај генер.2000/01, Кузман го доби дербито со Делчево, победи и за РК Карпош, Филип и Вардар-Виница
1 коло група А и Б во женскиот дел на зимскиот турнир кај генер.2000/01, Кузман го доби дербито со Делчево, победи и за РК Карпош, Филип и Вардар-Виница

1 коло група А и Б во женскиот дел на зимскиот турнир кај генер.2000/01, Кузман го доби дербито со Делчево, победи и за РК Карпош, Филип и Вардар-Виница

Во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански денес се играа натпревари од турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“. Во оваа сала се играа натпревари од женскиот дел кај генерација родени 2000/01 година.

Во групата А во рамките на првото коло се сретнаа екипите на РК Карпош и РК Будимир-Вардар. Победата им припана на Карпошм кои славеа со резултат 9:4. РК Будимир го постигна првиот гол на мечот за почетна предност, но РК Карпош врати со три погодоци и поведе со 3:1. Во следните минути, гледаме израмнување на резултатот 3:3, но во последниот напад, РК Карпош погодува за 4:3 по првото полувреме. На стартот на вториот дел, Будимир израмни на 4:4 и кога мислевме дека ќе следиме неизвесен натпревар, пад во играта на РК Будимир која не постигна ниту еден гол, за разлика од РК Карпош која пет пати ја затресе нивната мрежа, за конечни 9:4. Теодора Златановска беше најефикасна кај РК Карпош со 4 голови, додека кај поразениот тим интересно сите голови беа дело на Олгица Јованова.

На вториот натпревар во истава група, РК Филип-Вардар беше поуспешен од РК Војнисон. На старот на овој меч, РК Војнисон имаше водство од 1:2, за во продолжение од натпреварот екипата од Прилеп да постигне пет голови и да зголеми на 6:2. По првото полувреме имаа водство од 8:3. Сите дилеми околу конечниот победник беа решени на стартот на вториот дел. кога РК Филип направи серија од 3:0 и зголеми на 11:3. Набргу стигнаа и до двоцифрена предност од 14:4, за на крај да забележат победа од 16:5. Кај победничкиот тим Емилија Јовеска и Софија Крстеска постигнаа по 5 голови.

Во истава генерација, но на првиот натпревар од групата Б, натпревар одиграа екипите на РК Вардар-Виница и РК Шампион. Тука немаше дилеми за конечниот победник, бидејќи уште од стартот, тимот од Виница наметна силно темпо на игра и поведе со 6:0. Конечно Шампион постигна гол и го намали резултатот, но на полувреме РК Вардар-Виница има водство од 9:2.

vardafans-vardar-vinica-rk-sampion-1 vardarfans-2

Стартот на вториот дел им припадна на Виница и со два нови гола зголеми на 11:2. До крајот на натпреварот немаше никаква неизвеснот и натпреварот заврши со резултат 15:5. Ана Стојкова, Тамара Вучкова, Стефанија Стоименова и Јована Митровска постигнаа по 3 голови кај РК Вардар -Виница.

vardardans-4 vardarfans-3

Најинтересниот натпревар во женскиот дел кај оваа генерација се одигра помеѓу екипите на РК Кузман и РК Делчево. На крајот победата им припадна на тимот на РК Кузман. Стартот на мечот им припадна на избраничките на Александра Кузмановска кои поведоа со 2:0. Како течеше првото полувреме, Делчево играше подобро и во еден момент имаше прво водство од 3:4. На полувреме сепак ниедна од двете екипи немаа предност и резултатот беше израмнет 5:5.

15965320_1217736358273208_1782964863949001303_n

 

Во второто полувреме на два пати, избраничките на Горан Велков имаа водство од два гола разлика 6:8 и 7:9, која не успеаа да ја зачуват до крајот. Кузман постигна три последователни голови и поведе со 10:9. Во следниот напад, Делчево го изразмни резултатот, но последните два гола на натпреварот им припаднаа на РК Кузман, кои славеа со резултат 12:10. Александра Марковска и Ана Марија Божиноска постигнаа по 4 голови кај Кузман.

15977769_1217736471606530_2457855078512441613_n 16113945_1217736361606541_844092823435526239_n