Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Денес стартуваат подготовките на сениорската и младинската репрезентација во Маврово, вкупно шест вардарци дел од двете селекции
Денес стартуваат подготовките на сениорската и младинската репрезентација во Маврово, вкупно шест вардарци дел од двете селекции

Денес стартуваат подготовките на сениорската и младинската репрезентација во Маврово, вкупно шест вардарци дел од двете селекции

Денес рано наутро поголем дел играчите  од младинската и сениорската репрезенација заминаа за Маврово каде ќе се реализираат подготовки на овие две селекции. Рано наутро од пред просториите на РФМ заминаа момците на подготовки кои според планот почнуват денес, 20 декември и ќе траат се до 30 месецов. Потоа ќе има кратка пауза за нова година за играчите.  Играчите кои утрово не се појавија на собирот ќе се приклучат дополнително.

Вардаровиот колектив во двата состава има вкупно повикано шестмина момци. Кај сениорите има четворицата играчи на ракометниот клуб Вардар, капитенот на првиот тим Стојанче Стоилов и тројца момци од РК Вардар Јуниор беа дел   од поширокиот список. По прво кратење на списокот на 24 имиња Даниел Ѓорѓески, Стојанче Стоилов, Мартин Поповски и Мартин Манасков се најдоа помеѓу 24-те играчи кои  ќе бидат дел подготовки во Маврово. Тие конкурираат за “виза“ за Светското Првенство во Франција, истото  започнува на 11 јануари. Селекцијата предводена од Лино Червар ќе  во групата против Тунис , Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд. Според планот  првата фаза од подготовките, Македонската сениорска  репрезентација ќе тренира во Маврово во периодот од 20 до 30 декември 2016, потоа на 2 јануари идната  година, тренинзите продолжуваат во Скопје. Во последната етапа  ќе се одиграат и три пријателски средби против селекцијата на Босна и Херцеговина од кои една ќе биде од отворен карактер на 3 јануари.

Селекторот на младинската  селекција, Темелковски ги повика Трпчевски и  Кукуловски од Вардар за подготовките за С.П во Маврово

Кај младинците  селекторот   Темелковски го објави списокот со   имињата на ракометарите на кои ќе смета за подготовките и настапот на Квалификацискиот турнир за Светското Првенство 2017. Младинската репрезентација ќе се подготвува заедно со Сениорската во најголемиот дел од подготвителниот период. Младинска репрезентација  на земјава се наоѓа во група со Полска, Португалија и Турција, а квалификацискиот турнир ќе се одигра во Скопје во периодот од 4 до 6 јануари 2017. Само првопласираната репрезентација обезбедува учество на Светското Првенство што ќе се игра во Алжир – 2017. Од РК Вардар Јуниор за ова селекција имаат покани-   Стефан Трпчевски и Дејан Кукуловски.