Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Тренерот на младинците на Вардар, Пепи Манасков ќе му биде помошник на Червар во сениорската селекција
Тренерот на младинците на Вардар, Пепи Манасков ќе му биде помошник на Червар во сениорската селекција

Тренерот на младинците на Вардар, Пепи Манасков ќе му биде помошник на Червар во сениорската селекција

Најдобриот македонски ракометар на изминатиот дваесетти век, Пепи Манасков е дел од младинската Академија на ракометниот клуб Вардар. Тој лани го предводеше младиот сенииорски суперлигаш РК Вардар Јуниор, а оваа сезона работи со младинците на црвено-црните. Манасков сега доби и нова улога во сениорската машка ракометна репрезентација.

vardarfans rk vardar junior

Селекторот на сениорскиот црвено-жолт тим Лино Червар го прошири проширен стручен штаб. Во него   прв помошник ќе му биде Илија Темелковски кој воедно е и селектор на младата репрезенација до 21 година на земјава. Селекторот за нов помошник го назначи и  легендата на македонскиот ракомет, Пепи Манасков кој ќе биде дел од процесот на подмладување на селекцијата и создавање компактен тим. Манасков кој долго го носеше репрезентативниот дел, имаше богата кариера во која на неколку наврати играше и за РК Вардар. Двете селекции сениорската и младинската се на подготовки од денес во Маврово до 30-ти месецов. Поопширно за тоа и бројот на повикани играчи од нашиот црвено-црн тим може да прочитате на нашиот сајт-овде.