Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ВИДЕО) Публиката одлучи: Фелипе најдобар играч и стрелец на најубавиот гол за ноември и декември
(ВИДЕО) Публиката одлучи: Фелипе најдобар играч и стрелец на најубавиот гол за ноември и декември

(ВИДЕО) Публиката одлучи: Фелипе најдобар играч и стрелец на најубавиот гол за ноември и декември

Официјалната страница на фудбалскиот клуб Вардар имаше организирано гласање за најдобар играч за изминатиот месец и најатрактивен гол за ноември и декември. Во двете категории победник е бразилскиот интернационалец во нашите редови Фелипе Хуан.

Публиката одлучи со вискоки 58 проценти од добиени гласови дека Хуан Фелипе е најдобар играч за месец ноември, а во оваа анкета влегуваше и овој месец декември со оглед дека имаше само еден натпревар од шампионатот. Второ пласиран  беше капитен Бобан Грнчаров со доби 25 проценти од гласовите, а на третото место се пласираше  Блажевски Дејан со 17 проценти. Тој се закити и со признанието за најубав гол кој го постигна против Силекс. Во оваа анкета Фелипе освои  63 посто од  гласови на анкетата.  На втората позиција заврши Блажевски со 19 посто од гласовите, а Којашевиќ  заврши со 18 насто од вкупните гласови. Погодокот на бразилецот може да го погледнете во продолжение.