Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пет ракометарки на Вардар во изборот за најдобар тим во светот за 2016 година
Пет ракометарки на Вардар во изборот за најдобар тим во светот за 2016 година

Пет ракометарки на Вардар во изборот за најдобар тим во светот за 2016 година

Последниве пет години, традиционално реномираниот ракометен портал “Хандбал Планет избира најдобар тим во светот за 2016 година. Во овој избор влегуваат и неколку играчи од ракометниот клуб Вардар.

Во изборот за најдобро лево крило се најде најновото засилување на Вардарки кое летово пристигна од Норвешка. Најдоброто лево крило на изминатото европско првенство во Шведска, Камила Херем се најде и во изборот на “Хандбал планет“. Покрај Херем во номинираните се наоѓаат поранешната Вардар, Сираба Дембеле, Полина Кузнецова и Мајда Мехмедовиќ. За Камила Херем можете да гласате на линкот ТУКА.

Андреа Пенезиќ ќе има голема конкуренција во можноста да победи за најдобра на својата позиција. Во изборот за најдобар лев бек за 2016 година се наоѓа најдобриот играч од минатата година, Кристина Неагу, уште една поранешна ракометарка на Вардар, Алисон Пино, како и Естеван Полман. Својот глас за Пенезиќ можете да го дадете на линкот ТУКА.

На позицијата десен бек ја имаме Александра Лакрабер. Репрезентативката на Франција и член на Вардар освои бронзен медал со својата селекција на последното ЕП, а воедно беше и деветти најдобар стрелец на ова ЕП кое се играше во Шведска. Нејзини конкурентки за најдобар десен бек се Катарина Булатович, Нора Морк и Ане Хубингер. За Лакрабер ќе можете да гласате на линкот ТУКА.

Јованка Радичевиќ ќе се бори за признанието најдобро десно крило, заедно со Кармен Мартин, Ана Виакирева и Натали Хагман. За Јока можете да гласате ТУКА.

Во изборот за најдобар голман се најде сосема заслужено Амандин Лејно, која брани одлично и оваа сезона. Според статистичките податоци, “Дуду“ беше трет најдобар ќувар на мрежата на завршеното ЕП во Шведска. И тука има голема конкуренција со Клара Волтеринг, Кари Гримсбо и Јелена Грубишиќ. Гласајте за Лејно на следниов линк.

Дури две ракометарки на Вардар се најдоа во изборот за најдобар играч во годината која полека изминува. Тоа се Јованка Радичевиќ и Андреа Пенезиќ. Играчите се номинирани од страна на  новинари и ракометни експерти од 19 различни држави.