Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ФОТО)Ракометните екипи на Вардар најдобри во Скопје за 2016 год. поединечни награди и за: Кастратовиќ, Стоилов и Ристовска
(ФОТО)Ракометните екипи на Вардар најдобри во Скопје за 2016 год. поединечни награди и за: Кастратовиќ, Стоилов и Ристовска

(ФОТО)Ракометните екипи на Вардар најдобри во Скопје за 2016 год. поединечни награди и за: Кастратовиќ, Стоилов и Ристовска

Во текот на вчерашниот ден сојузот на спортови на град Скопје по 23-ти пати избираа најдобри спортисти за годината која изминува. Вардар повторно беше доминантен освојувајќи неколку признанија на екипен план и поединечни награди.

Машката и женска ракометна екипа на Вардар се најдобри тимови во 2016 година. Тоа се должи на доминацијата на црвено-црните на домашната сцена, како и големите достигнувања во лигата на шампиони.

Поранешниот предводник на ЖРК Вардар, Индира Кастратовиќ доби награда за најдобар тренер во 2016 година. Капитенот на РК Вардар, Стојанче Стоилов е најдобар играч во сениорска конкуренција, додека истава награда но кај жените ја доби Сара Ристовска.