Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Демири од Шкендија се сели во Вардар!?
Демири од Шкендија се сели во Вардар!?

Демири од Шкендија се сели во Вардар!?

Според „Македонски Спорт”, играчот на Шкендија Бесир Демири, ќе биде нов играч на ФК Вардар. Сите добро го познаваме Демири. Се работи за квалитетен играч, кој во Шкендија дојде во 2014 годинa од тимот на Шкупи. Демири има 22 години и важи за еден голем талент на македонскиот фудбал. Овој играч со голема успешност го носеше и дресот на македонската репрезентација до 21 година која направи историски успех. Демири во дресот на Шкендија досега настапи на 52 натпревари, односно постигна два погодоци. Исто така, Демири има и 13 официјални натпревари одиграно за Македонија до 21 година. Овој играч и на два пати го носеше сениорскиот дрес на Македонија. Доколку се реализира овој трансфер, Вардар ќе добие големо засилување за пролетниот дел од сезоната.