Барселона одлучи вардарци да ги пречека на 14 ноември, а дуелот е закажан со почеток во 19 часот и 30 минути. Вардар кој сега е лидер на групата-Б до овој дуел со европскиот шампион ќе се сретне со Рајн-Некар веќе во сабота, па гостуваме кај Колдинг на 18 октомври и играме дуел со Кјелце на 24 октомври. Мечот со Барса ќе се игра во „Палау Блауграна“, а веќе следната недела на 22 ноември К.Лазаров со својот тим гостуваат во С.Ц “Јане Сандански“. На овој двомеч интересен момент е настапот на Арпад Штербик кој во редовите на црвено – црните дојде токму од Барселона.