Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > РК Вардар јуниор денес гостува кај ГРК Борец во Велес
РК Вардар јуниор денес гостува кај ГРК Борец во Велес

РК Вардар јуниор денес гостува кај ГРК Борец во Велес

Тимот на РК Вардар јуниор денеска во рамки на четвртото коло од домашната Супер Лига гостува кај екипата на ГРК Борец во Велес. Нашите момци ќе се обидат да дојдат до втората едноподруго победа во најквалитетната домашна ракометна лига по триунфот минатот коло во С.р.ц “Кале“ со еден гол над тимот на РК Пелистер.

Мечот ќе се игра денес со почеток во 18-00 часот во спортската сала „Младост“-Велес. Домаќините во досегашните три кола успеаа да соберат 6 бода во Супер лигата, а избраниците на Пепи Манасков имаат освоено само 3 оние од победата над битолските зелено-бели во 3-то коло. Следен дуел  на “младите вардарци“ е за три дена дома во Кале на 10 октомври го пречекуваме тимот на РК Прилеп по овој дуел повторно играме во Скопје овој пат нагости кај тимот на РК Пролет `62.