Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > (ВИДЕО) Головите на Вардаровите категории, во рамките на 7 коло
(ВИДЕО) Головите на Вардаровите категории, во рамките на 7 коло

(ВИДЕО) Головите на Вардаровите категории, во рамките на 7 коло

Три победи и еден пораз беше епилогот, после одигрување на седмото првенствено коло кај младинските категории. Противник ни беше екипата на Академија Пандев, од Струмица.

-Со еден гол во мрежата на противникот, помладите пионери ја остварија шестата победа во лигата. Давид Астарџиев донесе три бода за својот тим. Оваа генерација се наоѓа на првото место на табелата со 19 освоени бодови. Втор е Металург со 16 и Шкендија со 12 освоени бодови.

Единствениот погодок од овој дуел можете да го погледнете ТУКА

-Пионерите рутинирано со 2:0 ги победија своите врсници од Струмица и освоија нови три бода. Александар Ѓоргиески беше стрелец на двата погодоци. Ова е шеста победа за оваа генерација, која се наоѓа на делба на првото место со екипата на Шкупи. Двете екипи имаат по 18 освоени бодови.

Головите од мечот, можете да ги погледнете ТУКА.

-Единствени кои беа поразени во дуелите со А. Пандев, беа кадетите. Иако имаа водство по првото полувреме од 0:1, на крај го загубија мечот со 2:1. Блажен Тодоров го постигна голот за нашите кадети. Тие се наоѓаат на второто место на табелата со 15 освоени бодови, или еден помалку од Шкендија на првото место.

Головите од овој натпревар, погледнете ги ТУКА.

-Младинците со триумф се вратија од госувањето во Струмица. Конечниот резултат гласеше 2:3, доволен за три бода и прво место на табелата. Стрелци на головите беа: Виктор Димков, Јасир Беќири и Ердон Даци.

Головите од младинскиот натпревар, погледнете ги ТУКА.