Викендов стартува новата сезона во женската младинска лига. Жрк Вардар, ракометарки родени 1996 ќе се натпреваруваат во оваа лига. Нивни тренер е Билјана Пецевска. Ова е всушност тимот, кој минатата сезона настапуваше како кадетки во првенството. Нова ракометарка е Магдалена Серафимова. Клубот го напуштија Марија Тошеска, Стефанија Фидановска, Анастасија Петровиќ и Гордана Давидкова. Подготовките беа одработени во Скопје и на Копаоник. Повратникот во црвено-црниот дрес, Магдалена Серафимова ги споделува импресиите од припремниот период и очекувањата за новата натпреварувачка сезона.
После враќањето во Вардар се чувствувам одлично и драго ми е што сум дел од овој тим. Работев многу напорно за време на подготовките, давав се од себе со цел да се наметнам и да дадам свој придонес во успесите на мојата екипа. За време на подготвителните натпревари настојував да влезам јас и мојата екипа во натпреварувачки ритам.
Во сабота го играат првото коло. Противник е екипата на Чаир, натпревар кој ќе се игра во С.Р.Ц. Кале.
Очекувам оваа сезона да го освоиме првото место во нашата конкуренција затоа што сметам дека сме солидно припремени.За остварување на таа цел очекувам да победиме во првиот натпревар овој викенд, изјави Магдалена Серафимова за нашиот сајт.
Звонко Ивановски