Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар и Брест Мешков се единствените непоразени екипи во ЛШ
Вардар и Брест Мешков се единствените непоразени екипи во ЛШ

Вардар и Брест Мешков се единствените непоразени екипи во ЛШ

Македонскиот и Белорускот ракометен шампион, се единствените две непоразени екипи во првите три кола на лигата на шампионите. Двата тима имаат стопроцентен учинок од три победи на стартот на новата сезона во ЛШ. Вардарци до сега беа поуспешни на гостински терен против Монпелје и Кристијанштад и во својата арена го победивме Пик Сегед. Вкупната гол разлика е 87 постинати и 73 примени голови. Зад себе ги оставаат Европскиот првак-Барселона, Германскиот вицепрвак-Рајн-Некар и бронзениот од последниот фајнл-фор, екипата на Киелце. Инаку црвено-црните се единствен тим кој не е поразен, во најсилните групи А и Б. Тимур Дибиров е најефикасен играч со 20 постигнати голови и се наоѓа на делба на 20 место, на листата на стрелци во ЛШ.

Во следните две по квалитет послаби групи, само Брест Мешков има максимален ефект на победи. Во првите три кола беа подобри од тимовите на Војводина, Татран прешов и Чеховски Медведи. Имаат 97 постигнати и 69 примени голови.

Следниот натпревар за нас е веќе во сабота, против Рајн-Некар во Јане Сандански.